fbpx

Беше најпосакувана жена во СФРЈ: Се повлече преку ноќ, сега е друга жена

Хрватската пејачка во деведесеттите важеше за секс-симбол и една од најпосакуваните жени на поранешна Југославија

Марина Перазиќ внесе нов ритам во популарната музика и подоцна стана неформално заштитно лице на таканаречениот „електро-поп“. Кариерата ја започна во групата „Дениз и Дениз“, а нивната прва песна Program tvog kompjutera објавена во 1984 година и денес се слуша.

Само една година подоцна групата доживеа вртоглав успех и освои многу награди, а Марина стана една од најпосакуваните жени на естрадата благодарение на нејзиниот глас и исклучително сензуалните сценски изведби.

Атрактивната русокоса заведуваше со секој поглед и движење, едноставно беше пред времето, па хитовите Ja sam lažljiva и Soba 23 очекувано станаа евергрини.

Продолжи соло, а хитот Kolačići дефинитивно ѝ ја одбележа кариерата.

За многумина неочекувано, на врвот на популарноста Марина исчезна без трага и глас.

На покана на нејзиниот колега Иван Фирчи со кој во тоа време се забавуваше замина во Њујорк.

Како што самата откри, таму била принудена да прифаќа различни ангажмани за да се стабилизира финансиски. Подоцна ги раѓа двете ќерки, па раскинува со Фирчи.

Кога се враќа дома, многу работи се веќе променети. Има обид за музички камбек, но публиката не ја прифаќа како во златните времиња.

Во 2009 година станува натпреварувач во реалното шоу „Фарма“, каде повторно се среќава со својот поранешен сопруг, а нивните кавги се раскажуваат со години.

По „Фарма“, Марина целосно се повлекува од медиумскиот свет и се посветува на популарната зумба, ја усовршува и станува инструкторка.

Денес живее во Нови Сад.

Следни Објави

Му роди ќерка, но не му отиде на погреб: Бурниот живот на Неда Украден

Неда Украден е со децении присутна на јавната сцена, но за нејзиниот приватен живот многу малку се знае. Славната пејачка има една ќерка, Јелена, која ја доби во бракот со реномираниот режисер Милан Билбија. Се запознале кога таа била едвај полнолетна. Нивната врска траела десет години, но во брак издржале […]