fbpx

Беше омилена во СФРЈ: Прерано почина, доживеа иста судбина како мајка си

Риалда Кадриќ, ѕвездата на култниот филм „Луди години“, најгледаниот српски филм на сите времиња, не’ напушти на 25 јануари пред три години.

Почина ненадејно во Атина. Сплет на околности, беше тоа реприза на една тажна судбина која пред три децении ја доживеа нејзината мајка-срцев удар среде улица.

Кадриќ освои многу срца како кај помладата, така и кај повозрасната публика, а првата улога ја доби токму во првиот филм од легендарниот серијал „Жикина династија“ во 1978 година, кога на свои 15 години ѝ беше доверен ликот на Марија, големата љубов на Бобо во „Луди години“.

Последно остварување во кое играше е „Чудна ноќ“ од 1990 година. На изненадување на многумина, преку ноќ се повлече од филмското платно, а една година подоцна ја напушти и Србија и се пресели во Лондон.

И покрај блескавата кариера, таа ги спакува куферите и се одлучи за драстична животна промена.

– Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16 јануари 1991 година кога почна војната, мојата мајка ненадејно почина на улица во Белград. Седев во станот во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната кога ме затекна таа вест. Аеродромот беше затворен и немаше начин како да се вратам дома. Многу бев поврзана со мајка ми, а бидејќи неа повеќе ја немаше, а и конфликтот се ширеше на територијата на цела поранешна Југославија, одлучив да останам во Англија и да почнам некој нов живот – раскажа Риалда во едно интервју.

Во тие години престанала да се занимава со глума, но почнала активно да пишува колумни за списанија, работела радиоемисии во Лондон, а била ангажирана и за „Гласот на Америка“ додека живеела во САД. Подоцна почнала хонорарно да работи за Би-Би-Си.

Следни Објави

Нѐ претставуваше на Евровизија, сега е социјален случај: Животната драма на Даниел

Сите се сеќаваме на шармантниот Даниел Поповиќ кој во 1983 година ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ и го освои високото четврто место. Рефренот „Џули“ стана мегахит, нему му предвидуваа блескава кариера, но наместо славен и богат, заврши како социјален случај. За неговите финансиски проблеми јавноста дозна откако се разведе од […]