fbpx

Естетски хирург ја „подбра“ Слобода Миќаловиќ: Откри список со операции што ги направила

Таа е една од омилените актерки на овие простори, а американскиот портал Beautiful Women Pedia пред три години ја прогласи за најубава природна глумица во светот.

Слобода Миќаловиќ ужива голема популарност, а на „Инстаграм“ ја следи дури и славната Моника Белучи која во една прилика не штедеше комплименти за убавината на српската актерка.

Но, дали Слобода навистина е толку многу природна, како што најчесто ја претставуваат медиумите?

Познат естетски хируг тврди дека таа имала помали интервенции. Се согласува дека се’ уште ги нема оперирано градите, но нагласува дека дури ниту таа не успеала да му одолее на ботоксот.

Тој вели дека ако добро ги погледнете нејзините постари фотографии, веднаш ќе забележите дека незначително ги освежила усните со хијалурон.

Како и да е, во морето пластични „селебрити“, таа и тоа како изгледа природно и отмено. Мејкапот секогаш ѝ е сведен на минимум и со право е синоним за природна убавина, коментира истиот хирург.

Следни Објави

Тасе ѝ го згреши името на сопругата: Сега конечно откри која е Емилија

Урнебесна снимка од лиценцираното ТВ-шоу кое се емитува на телевизија Сител стана вирална и поприлично ги возбуди македонските граѓани. Катерина седна на жешкото столче во потрага по милионот од банкарот, а поддршка во публиката ѝ беше сопругот. Тасе Чанов направи неочекуван гаф и дополнително ја вжешти атмосферата во студиото. Кога […]