fbpx

Кога можела Маргарет Тачер, можам и јас: Бојана кажа што мисли за домаќинките

Познатата пејачка и водителка Бојана Скендеровски неодамна гостуваше во заедничкиот поткаст на Стефан Лазаров и Зоран Василевски, а нејзиното мислење на една исклучително интересна тема сега стана вирално.

Запрашана од домаќините на шоуто што мисли за македонските домаќинки и дали се’ повеќе жени зборот домаќинка навистина го сфаќаат како навреда, таа даде свое видување.

„Домашните обврски го прават домот топол. Значи јас ако имам пет жени дома, една да чисти, друга да готви, трета да ми ги чува децата, петта да ми пегла, каде е нашата интима и каде е нашата топлина во домот“, почна со излагањето пејачката.

Призна дека не пегла, но дека само тоа не го прави.. Нагласи дека одлично се снаоѓа во кујна и дека готви традиционални јадења.

„Сарма најубаво правам. Се’ друго правам, убаво е да има домот таква атмосфера“.

Ја гледала серијата „Круна“, па се осврна на делот каде сценаристите и продуцентите се бават со животот на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

„Маргарет Тачер нејзините најблиски соработници, министрите во нејзината влада, ги викаше дома на вечера која таа им ја готвеше. Ставаше кецела и готвеше вечера. Е, сега, кога можеше Маргарет Тачер да готви, што па на нас..“, поентира на крајот Скендеровски.

Следни Објави

Тажната судбина на Лепа Лукиќ: Ова никогаш не си го прости, но се помири

Лепа Лукиќ е српска фолк-легенда која и на свои 84 години постојано е насмеана, иако животот ѝ го одбележи немил настан кој и денес не може да си го прости, но, како што вели, со годините се помирила и научила да функционира. Славната пејачка во една пригода се сети на […]