fbpx

Сварете грав за 45 минути: Не ви треба експрес лонец, туку само една состојка која ја имате дома

Едно од омилените јадења на овие простори секако е гравот, без разлика дали се работи за манџа или за традиционално потпекување во рерна.

Овој македонски деликатес им е особено практичен на домаќинките, бидејќи може да се руча и неколку дена, но понекогаш тие се соочуваат со проблем кога е во прашање готвењето. Понекогаш на гравот му се потребни и неколку часа додека целосно да се свари.

Затоа, ние ви нудиме два едноставни трика со кои побрзо ќе го подготвите омилениот ручек на целото семејство.

СОДА БИКАРБОНА

Повеќето домаќинки знаат дека гравот треба да се натопи преку ноќ во ладна вода. Но, за побрзо да се зготви, употребете сода бикарбона. Како? Додека се готви, во првата вода додадете една лажичка. Оставете го гравот да врие најмалку 15 минути, а потоа исцедете ја водата и додадете малку масло.

ДОМАШНА РАКИЈА

Гравот што ќе го готвите прелијте го со ладна вода во сооднос 4:1, односно два литра вода на половина килограм грав. Додадете 50 мл ракија и сè заедно сварете. Кога вака готвите грав, искуството вели дека е доволно да се крчка од 45 до 50 минути за целосно да биде сварено.

Секако, времето кое ќе го поминете за готвење зависи пред се од сортата и од квалитетот. Неквалитетниот и стар грав тешко се готви и може да остане „тврд“ дури и по долга термичка обработка.

Следни Објави

Бојана откри дека маж ѝ ја изневерува на најглупавиот можен начин

Ако сакате да проверите дали партнерот ве изневерува, без разлика дали сте жена или маж, можеби овој метод ќе ве воодушеви „Дознав дека маж ми ме изневерува на најглупав можен начин. Сè почна на шега, но подоцна работите излегоа од контрола, а тоа ме чинеше брак“, ја почнува својата приказна […]