fbpx

Тажната судбина на Лепа Лукиќ: Ова никогаш не си го прости, но се помири

Лепа Лукиќ е српска фолк-легенда која и на свои 84 години постојано е насмеана, иако животот ѝ го одбележи немил настан кој и денес не може да си го прости, но, како што вели, со годините се помирила и научила да функционира.

Славната пејачка во една пригода се сети на нејзината неисполнета желба за која долго жалела, но, едноставно се помирила со тажната судбина.

Дури по повеќе од пет децении од неубавиот настан, таа одлучи да ја открие вистината за она за кое се кае и денес.

„Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, детето практично не беше зачнато кога решив дека сум млада за да го родам. Многумина го прават тоа, потоа имаат пет или шест деца”, раскажа Лепа.

Вели дека не знае и никогаш нема да дознае дали таа случка влијаела никогаш повеќе да нема деца. Никој не ѝ дал одговор на тоа прашање.

„Подоцна имав неколку лекарски интервенции, но никогаш не успеав да останам бремена. Се обидов на неколку начина, со помош на најсовремена медицина, но сега веќе ништо не е важно, бидејќи немам деца. Тоа е судбината, се помирив со неа “, заклучи Лукиќ во истото интервју.

Следни Објави

Ова е срам и изживување: Турунџиева има важна порака до драгите наставници

Сузана Турунџиева згрме на социјалните мрежи. Познатата пејачка, водителка и писателка го изрази својот револт од македонскиот образовен систем. „Да оставиш тројка на крај на година на деветтооделенец со сите петки, во сите претходни години, и тоа по Изборен предмет (да појаснам: оној предмет кој ученикот го одбрал за да некој […]