На социјалните мрежи се шири шокантна снимка од свадба на која младоженецот без срам демонстрира грубо однесување кон невестата пред гостите.
Членовите на нејзиното семејство не можат мирно да гледаат како младоженецот нервозно и грубо ја влече раката на својата идна сопруга, која се сопнува во венчаницата додека се качува на бината.
Откако нервозно седнува на столот, без да ја чека невестата, му приоѓа млад човек, наводно брат на невестата и го удриа по лицето.
Потоа започнува голема пресметка во која учествуваат многу гости.
Видеото на „Инстаграм“ го сподели корисникот Сафи Мохамад со порака „Да живее братот на невестата!“.
Објавата е проследена со многу гневни коментари на корисниците, кои го критикуваат однесувањето на младоженецот, со пораки дека „го добил заслуженото“.
„Попрво ќерка ми да биде сама отколку со ваков маж“, „Правдата е задоволена“, „Задоволен сум од реакцијата на семејството“, гласат дел од пораките.
Не се знае во која земја се случиле овие немили сцени.