fbpx

Десет починати во Тетово за еден ден: Меѓу нив и 36-годишна жена

Алармантни бројки пристигнуваат од тетовското ковид-одделение

Жена на возраст од 36 години е меѓу починатите десет пациенти кои изминативе 24 часа ја загубиле битката со коронавирусот.

Ниеден од починатите не бил вакциниран и сите биле со придружни болести, вели д-р Гзим Нуредини за „Слободен печат“.

Бројот на амбулантски прегледи драстично расте во овој ковид-центар. Хоспитализирани се 120 лица и повеќето се на кислородна поддршка. Од нив со прва доза се вакцинирани девет, а со втора три пациенти.

Следни Објави

Тага до небо: Младиот фудбалер Никола почина во Скопје

Имаше само 26 години Почина Никола Стефановиќ, момчето кое 12 дена беше во кома на една од скопските клиники. Младиот фудбалер од селото Доње Крајинце кај Лесковац, пред почетокот на новата сезона одмарал со друштвото во Охрид кога во даден момент скокнал од карпа во езерото, удрил во подводен камен и […]