fbpx

Тагуваше тивко и достоинствено: По смртта на Тоше само еднаш јавно се огласи

Почина Никола Проески, таткото на легендарниот македонски пејач Тоше Проески.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговата ќерка Дора.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа на „Фејсбук“.

По смртта на Тоше, неговиот татко тагуваше тивко и достоинствено. По семејната трагедија само еднаш се огласи јавно, во 2015 година кога беа објавени снимки од СДСМ според кои тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески и неговата колешка Елизабета Канческа-Милевска зборуваат за наводна партиска непослушност на семејството на Тоше.

Тогаш Никола во изјава за „24 вести“ порача неговиот син да биде оставен да почива во мир.

„Праќам апел до целата јавност до сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Турци и сите останати, јас Никола Проески велам ако сме криви нека излезе правдината на мегдан и ве замолувам да ми ја оставите фамилијата на раат, посебно син ми Тодор“, изјави тој.

Следни Објави

Жените мора да го фрлат ОВА од домот: Најважните обичаи за Велики петок

Велики петок или Распет петок, зашто на овој ден е распнат Исус Христос, се смета за најтежок празник во годината. Не се работи, дури и не се готви храна. Како на строг пост, овој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои од нив јадат стоејќи, […]