fbpx

Денеска е тежок и посебен ден: Помолете се и никако не правете го ова!

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

Следни Објави

Ова е девојката која почина на одмор во Ханиоти: „Ќерка ми изела хот-дог и се срушила!“

Тага во целиот регион по ненадејната смрт на 16-годишната девојка која почина во средата во раните утрински часови на Халкидики, откако претрпе алергиски шок. Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот вечерта, а потоа заминале да јадат во […]