fbpx

Ова е девојката која почина на одмор во Ханиоти: „Ќерка ми изела хот-дог и се срушила!“

Тага во целиот регион по ненадејната смрт на 16-годишната девојка која почина во средата во раните утрински часови на Халкидики, откако претрпе алергиски шок.

Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот вечерта, а потоа заминале да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови во средата.

„Ќерка ми јадела виршла, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога конзумира храна надвор. Не знам што точно се случило, и дали има нешто млечно во тоа што го изела“, вели неутешната мајка.

Таа додава дека девојката колабирала веднаш штом го изела хот-догот.

Една од нејзините пријателки веднаш истрчала во собата каде што престојувале да ѝ донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.

Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

„Според првичните сознанија моето девојче доживеало алергиски шок и починало. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години без помош. Во Здравствениот дом два пати се обиделе да ја вратат, но не успеале“, низ солзи раскажува мајката.

Неутешената жена додава дека не знае зошто ѝ требало толку време на брзата помош да пристигне на местото на настанот.

„Било пет часот наутро, немало метеж“, забележува таа.

„Прототема“ јави дека 16-годишната девојка во изминатите неколку години примала лекови затоа што страдала од епилептични напади. Наводно прашала дали храната содржи состојки кои ѝ биле забранети, бидејќи е алергична, пренесува истиот медиум.

Наводно во ресторанот ѝ дале негативен одговор, а откако девојката го конзумирала оброкот доживеала алергиски шок.

Таа денеска ќе биде погребана во родното место, додека се чекаат резултатите од обдукцијата.

Следни Објави

Застрелани двајца Македонци на Халкидики: Едниот почина, сторителите се во бегство

Трагедија ја вознемири македонската јавност Синоќа е пукано врз двајца македонски државјани во познатото летувалиште Ханиоти на Халкидики, јавуваат грчките медиуми. Двете лице биле застрелани околу 3:30 часот. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Едниот им подлегнал на повредите и е на возраст од 39 години, додека неговиот 45-годишен […]