fbpx

Денеска е еден од најтажните православни празници: Се верува дека ОВА ќе ви помогне

За Македонската православна црква и нејзините верници денеска е еден од најтажните празници. На денешен ден тие се сеќаваат на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урбан, Наркис, Апелиј и Аристовул.

Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, кои Црквата ги слави денес.

Стахиј, Амплиј и Урбан му беа соработници на свети Андреј Првоповиканиот, брат на апостол Петар. Тројцата беа подоцна епископи. Урбан беше еископ во Македонија. Тој и Амплиј пострадаа маченички.

Свети Наркис беше епископ во Атина, Апелиј во Хераклеа Тракиска. Аристовул му беше брат на апостол Варнава и го прооведаше воскреснатиот Христос во Британија. Таму и го заврши привремениот живот и се пресели во небесните населби на Бога Отецот и неговиот единствен син Христос.

Според народното верување, помош ќе почувствува секој оној кој ќе е искрен во молитвата.

Се верува дека секој кој денес ќе се најде во неволја треба да им се обрати на овие апостоли со молитвата: „Свети апостоли, молете се на Милостивиот Бог да им даде прошка на гревовите на душите наши!“.

Следни Објави

Жена пријави сексуално вознемирување на работа! Доби страшен одговор

Една корисничка на „Х“ (поранешен Твитер) се пожали дека извесно време трпела сексуално вознемирување на работното место, а кога решила да пријави кај надлежните во компанијата, добила срамен одговор. -Сексуално вознемирување на работа, пријавено, а одговорот што го добив беше: „Мораш да работиш со него и да молчиш, тој е […]