fbpx

Денес се празнува Св. Варвара: Верувања кои треба да ги почитувате

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на Светата великомаченичка Варвара.

Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка-за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.

Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.

Житието сведочи дека Света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со Пресвета Богородица.

За денешниот ден Св. Варвара во некои делови од земјата се верува дека каков ќе ти биде денот, таква ќе ти биде годината. Исто така, денес луѓето избегнуваат одење на гости, затоа што се верува дека кој прв ќе ве „полази“ таква ќе ви биде годината.

Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесна нога”, поради што покануваат луѓе кои се сметаат за среќни, први да дојдат наутро и да бидат полезници, за претстојната година да биде среќна.

Верување меѓу народот е дека не се оди никаде на гости на овој ден, дома се седело. Се верува дека денес кој прв ќе ти влезе дома таква ќе ти е годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него-за бериќет.

Следни Објави

Шок! Луѓето се крстат! Сите застануваат да го видат натписот на овој гроб

Еден гроб предизвикува голем интерес кај случајните минувачи. Надгробен споменик веќе подолго време буди измешани емоции. Некои ги насмевнува, на некои им буди жални чувства.. Многумина се прашуваат дали овој епитаф било желба на покојникот или така одлучиле неговите најблиски. На социјалните мрежи се шегуваат дека се во дилема дали […]