fbpx

Ни доаѓа голем празник: Појдете в црква, но никако не правете го ова

Православните верници на 27 октомври, ја празнуваат Преподобна Параскева-Петковден, или кај народот позната како света Петка. Ова светица била заститничка на сиромашните и болните.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември.

Следни Објави

Сите ја гледавме во шоуто „Сѐ за љубов“: Се разведе и сега ужива во луксуз

Беше една од најубавите водителки на овие простори, со години заштитно лице на емисијата „Сѐ за љубов“, шоу базирано на вистински приказни кое беше доста популарно и кај нас. Катарина Шишмановиќ која ја паметиме и по спотот за хитот „Доживотно“ на Елена Ристеска, пред неколку години се врати пред камерите […]