fbpx

Втор ден Божиќ: Ова не треба да го правите!

Божиќ е празник со најмногу верувања и обичаи во македонската народна традиција.

Додека првиот ден е посветен на семејството и се поминува дома, вториот веќе има поинакво значење и обичаи кои се разликуваат од еден до друг дел на земјата.

Вториот ден од Божиќ во МПЦ е посветен на Соборот на Пресвета Богородица, а според народните верувања на собирање добри дела и помирување.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.

Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Собор на Пресвета Богородица 

Со овој празник ѝ се оддава признание на мајката Божја, Пресвета Богородица која е најзаслужна за раѓањето на Спасителот. Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуват при црковните свечености. Но, во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во тој дух. Пресвета Богородица е опеана и во голем број народни песни.

Како што е вообичаено да се остане дома за Божиќ и да се помине првиот ден од овој празник со семејството, вториот ден е време за посета на роднините, пријателите и кумовите.

Се верува дека на денешен ден се помируваат и оние кои со години се караат и дека не е добро никого да се брка од прагот. Денеска на празничната трпеза која се’ уште е поставена сите се еднакви и во здравје и радост го слават најрадосниот празник на христијанството.

Следни Објави

Трет ден Божиќ: Жени, направете го ОВА!

Адети и верувања Православните христијани на третиот ден од Божиќ го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко. Најраспространет обичај во минатото за Свети Стефан бил да […]