fbpx

Утре е голем ден, од срце помолите се: Секоја жена мора да го направи ова

На 4 декември се празнува Воведение на Пресвета Богородица.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

На овој ден особено е важна чудотворната литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска.

Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф.

Ова е накратко нејзината историја:

– 1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец. Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.

– 1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.

– Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“ и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот „Пречиста Кичевска“.

– По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.

– Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.

– Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до „другата“ и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица.

Верувањата се дека на овој ден жените без пород треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца да оставаат дар на иконата на Дева Марија. Најважно е од срце да се помолите!

Следни Објави

Новогодишна бајка: Овие знаци ги чека најмногу среќа во љубовта

Само малкумина ќе почувствуваат вистинска среќа кога е во прашање љубовта Астролизите истакнуваат дека припадниците на овие хороскопски знаци ќе добијат најмногу внимание за претстојните празници Бик Силата ќе одигра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето кои ќе ги запознаете ќе ви покажат како на најдобар можен начин да […]