fbpx

Еве како навистина изгледа Исус Христос: Ќе останете без текст, вака не го замислувавме

Исус Христос е најексплоатираната личност во уметноста на христијанскиот свет! Бледо, тесно и буцкасто лице со брада и крупни очи, главно сини, врамени со долга и брановидна кафена коса и наметка со долги ракави-тоа е сликата што луѓето ја замислуваат кога ќе помислат на Божјиот син.

Всушност, оваа позната слика на Исус потекнува од византиската ера, од четвртиот век наваму, а византиските претстави за Исус биле симболични-сите се однесувале на значењето, а не на историската точност. Тие биле засновани на сликата на устоличениот цар. Меѓутоа, ниту едно од евангелијата не спомнува како изгледал Исус.

Најраните зачувани слики на Исус од црквата во разурнатиот град Дура-Европос на Еуфрат датираат од првата половина на III век од нашата ера. Дополнителен проблем е тоа што нема скелет или други тела за тестирање на ДНК, па приказот на Исус во голема мера е оставен на имагинацијата на уметникот. Во зависност од делот на светот во кој се наоѓате, Божјиот син е претставен и како црнец, латиноамериканец или арап.

Може ли да се утврди, барем приближно, како навистина изгледал Исус Христос?

Науката напредува со молскавична брзина, па секојдневно наидува на нови откритија. Благодарение на новото и многу интересно поле на истражување-форензичката антропологија, дојдено е до интересни заклучоци.

Имено, користејќи методи слични на оние што ги развила полицијата за разрешување на злосторствата, британските научници, потпомогнати од израелски археолози, создале, според нив, најточната слика на Исус Христос.

Ричард Нејв, пензиониран лекар и уметник од Универзитетот во Манчестер користел форензичка антропологија за да добие точен портрет на Исус Христос. Во текот на изминатите две децении тој реконструирал десетици познати лица, вклучувајќи го и Филип II Македонски, таткото на Александар Македонски.

Нејв и неговиот тим истражувачи така дошле до семитскиот череп од израелски археолози. Со помош на рендгенски снимки на черепот, тие направиле т.н „парчиња“, па компјутерски добиле мускули и кожа. Според еврејската традиција, Исус имал кратка, кадрава темна коса и брада, а не светла, долга коса како што обично се опишува.

Изгледот на Исус е толку карактеристичен за Евреите од Блискиот Исток кои живеат во регионот Галилеја во северен Израел. Покрај тоа, Исус не бил особено висок и се верува дека имал само околу 166 см.

Следни Објави

„Туѓа си бескрајно“ крие голема тајна: Вистината за песната без која не поминува свадба

Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат, порача Ефто во едно ТВ-гостување  Ефто Пупиноски е еден од доајените на новосоздадената македонска народна песна кој речиси половина век е активен на естрадата. Пупиноски пред […]