fbpx

Божиќни обичаи и верувања: Никако не правете го ова!

Божиќ е највеселиот од 15-те големи верски празници и се слави три дена. Божиќ се празнува како денот на раѓањето на Исус и се прославува на 7-ми јануари.

Овој ден се поминува дома со семејството, не се оди на гости и не доаѓаат гости. На иконите е претставена пештерата во која се Јосиф и Богородица со новородениот Исус. Покрај нив се наоѓаат овчари кои им се поклонуваат, а над нив има ангели и ѕвезди кои го најавуваат доаѓањето на спасителот.

Вториот ден од Божиќ се нарекува „Божји ден“, но е посветен на Богородица. На овој ден луѓето се дружат и одат на гости и се поздравуваат со „Христос се роди!“.

Третиот ден е слава за свети Стефан, ѓакон кој страдал за верата. На иконите се прикажува со неговата ѓаконска облека и со Евангелието на кое се наоѓаат 3 камења, симбол на неговото каменување.

Божиќ е денот кога духот на Исус е спуштен помеѓу луѓето и носи мир. Бидејќи се слави, три дена не се чисти подот и не се фрла ништо од куќата. На третиот ден жените ја собираат сламата од Бадник и тивко ја изнесуваат од куќата. Ја ставаат на дрва или на гнездо во кое ќе има малечки. Еден сноп се остава на некое суво месо за да се запали на Ѓурѓовден.

Божиќното утро се обележува уште пред изгрејсонцето со ѕвоната на православните храмови. Наутро се оди на божиќна литургија, а по службата се прима нафора.

БОЖИЌЕН РУЧЕК

Според народните обичаи најчесто се јаде прасе кое претставува напредок биде постојано „рине“ и јаде движејќи се нанапред. Тоа е и еден вид жртва за Бог и потекнува уште пред христијанство, а се спомнува и во старите религиски книги. Се верува дека потекнува од времето кога се верувало во повеќе богови, а црквата го прифатила и благословила овој обичај со објаснување дека после божиќниот пост, кој трае шест недели, добро е да се јаде мрсна и тешка храна.

Следни Објави

Голем ГРЕВ! Никако не правете го ОВА со бадниковото гранче по Божиќ

Највеселиот христијански празник секогаш не’ асоцира на бадниково гранче, погача и на топла атмосфера во семејниот дом. Сепак, последните години луѓето имаат една грда навика која стана составен дел од Божиќ, особено во градовите. Кога ќе помине празникот, често сме сведоци на тажни слики како бадниковите гранчиња стојат фрлени покрај […]