fbpx

„Туѓа си бескрајно“ крие голема тајна: Вистината за песната без која не поминува свадба

Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат, порача Ефто во едно ТВ-гостување 

Ефто Пупиноски е еден од доајените на новосоздадената македонска народна песна кој речиси половина век е активен на естрадата.

Пупиноски пред повеќе од две децении го отпеа хитот „Туѓа си бескрајно“, песна без која денес не поминува кафеана без неа, а редовно се пее и по свадби и покрај пораката на рефренот која е несоодветна за таков чин.

Првпат е изведена на фестивалот „Камбера“ во Австралија во 1992 година, но стана хит дури по две децении.

Автор на музиката е Пупиноски, а стиховите се дело на поетот и фотограф Мирослав Кузман кој во една прилика раскажа дека ги напишал за триесетина минути. Му се јавил Ефто и му побарал текст кој требало да биде готов истиот ден до полноќ бидејќи следното утро имал резервирано лет за Австралија. Призна дека таа вечер испил најмалку литро јако црвено вино за инспирација.

„Во „Туѓа си бескрајно“ нема ништо меѓу редови. Сѐ е на виделина. Песната е љубовна до крај. Инспирација од детството и од момчештвото што би рекол Лав Толстој“, изјави Кузман во едно интервју.

Следни Објави

Денес еден обичај не смеете никако да го прекршите: Строго празнично правило

Првиот четврток во празнувањето на Велигден е познат како „зелен четврток“, еден од седумте четвртоци кои следат од Велигден до големиот христијански празник Света Тројца, кој нашите предци го празнувале молејќи се на Бога градот и невремето да не ја уништи жетвата. Овој ден е поволен и за оние кои […]