fbpx

Денес е Балаклија, празник на мајката Божја: Направете го ова за здравје

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести.

Посветен е на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник.

Востановувањето на овој празник се случил во храмот крај еден извор блиску до Цариград кој се викал „Животоносен источник“, кој го подигнал царот Лав Велики (V век). Според преданието, во една прилика уште додека не бил цар на Византија во шумата пронашол слеп човек кого го одвел до изворот го напоил и го измил, а потоа слепиот прогледал.

Кога станал цар, на местото каде што ова се случило изградил храм во знак на благодарност на Пресвета Богородица, а народот веднаш почнал да пристигнува од сите страни барајќи и наоѓајќи лек за многу болести.

Обичај е во зорите да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта. Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава когае обичај да се заколе јагне.

Следни Објави

Денес жали цел Аеродром, цело Скопје, но и Македонија: Почина Марјан Михајловски

На 53-годишна возраст почина Марјан Михајловски, вработен во клубот МЗТ Скопје Аеродром и еден од најпрепознатливите кошаркарски навивачи. Од МЗТ Скопје со голема тага и неверување ја примија тажната вест. „Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и […]