fbpx

Денес жали цел Аеродром, цело Скопје, но и Македонија: Почина Марјан Михајловски

На 53-годишна возраст почина Марјан Михајловски, вработен во клубот МЗТ Скопје Аеродром и еден од најпрепознатливите кошаркарски навивачи.

Од МЗТ Скопје со голема тага и неверување ја примија тажната вест.

„Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се’ во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда. Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија. Почивај во мир, наш Мац!“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.

Од Михајловски денска со трогателна посвета се прости и познатиот диџеј и музичар Владимир Блажев, познатиот Панчо од „ДНК“.

„Просто не ми е верно дека си отиде на несвојствен начин за тебе. Можам само да ти се заблагодарам што ни беше постар брат во маало, што не’ чуваше и изнесе на вистински пат и не’ научи на многу вистински вредности меѓу кои можеби и најбитните во животот, а тоа е како да бидеш човек пред се’, да бидеш лојален и да ги сакаш и гинеш за другарите! Мака мој, денес жали цел Аеродром, цело Скопје но и Македонија. Пример за другар со срце планина. Ќе фалиш, но никогаш нема да бидеш заборавен. Нека ти е светол патот“, напиша тој на „Фејсбук“.

Следни Објави

Овие хороскопски знаци ќе се збогатат до крајот на пролетта

ВАГА Претставниците на овој хороскопски знак годинава ќе имаат вистинска среќа со парите. Иако своето богатство го стекнуваат собирајќи денар по денар, на почетокот на јуни драстично ќе се зголеми сумата на нивната трансакциска сметка, најмногу од проекти на кои ќе им се посвети по работното време.  Иако на прв […]