fbpx

Богатството на новата македонска претседателка: Еве со колкав имот располага

Порталот „Фактор“ го разгледа актуелниот анкетен лист на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Таа ќе треба да достави и нов извештај со имотот што го поседува, а овој е што го доставила во Антикорупциската комисија кога станала пратеничка.

Според него, таа нема никаков имот на нејзино име, но на име на нејзинот сопруг пријавила куќа. Пријавила и заедничка девизна сметка со сопругот со 11,5 илјади евра, пишува „Фактор“.

Силјановска Давкова пријавила и девизна штедна книшка со 55,6 илјади евра и 3,5 илјади долари, а пријавила и денарска штедна книшка на која имало 320,8 илјади денари.

Следни Објави

Во Македонија доаѓа силно невреме: Важно предупредување од метеоролог

Метеорологот Славчо Попоски најавува нестабилно време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и со појава на невреме. Ваквото променливо време ќе почне во сабота кон крајот на денот, ќе се задржи и во текот на ноќта кон недела, па се’ до крајот на следната работна недела. […]