fbpx

Ваква кражба не сте виделе: Влегува во продавница, жена му му кажува што да украде

Невообичаена кражба се случила во продавница за играчки во Нови Сад. Имено, маж и жена ограбиле продавница во која, според сите проценки, немало никој.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм, средовечни маж и жена влегуваат во продавницата, се разделуваат, по што мажот без никакво размислување ги става играчките во чантата.

Жената потоа се враќа кај него и му покажува кои други работи да ги стави во торбата. Набргу потоа и двајцата ја напуштаат продавницата не сфаќајќи дека се’ е снимено на видео.

Снимката набрзо почна да се шири на социјалните мрежи, а граѓаните се бесни.

„Дали е ова можно? Без трошка срам одат низ цела продавница и ги земаат работите…“, „Овој не краде, овој само лесно си ја полни торбата“ се дел од коментарите.

Сепак, во низата гневни коментари, има и многу хумористични.

Следни Објави

Богатството на новата македонска претседателка: Еве со колкав имот располага

Порталот „Фактор“ го разгледа актуелниот анкетен лист на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова. Таа ќе треба да достави и нов извештај со имотот што го поседува, а овој е што го доставила во Антикорупциската комисија кога станала пратеничка. Според него, таа нема никаков имот на нејзино име, но на […]