fbpx

Во оваа земја се работи 6 часа дневно, а просечна плата е 5.300 евра: Секој Македонец би посакал ваква средина

Иако е најмалата земја во Скандинавија, Данска е позната по својот одличен систем на социјална држава и општото ниво на среќа меѓу населението.

Исто така, прогласена е за најсреќна земја на светот, а тоа не е чудно, бидејќи условите за живеење таму се речиси идеални.

Условите за работа во Данска се такви што секој од нас би ги сакал. Минималната плата во оваа земја е околу 2.300 евра, а просечната плата околу 5.300 евра. Данците имаат минимум пет недели годишен одмор, а работат во просек по шест часа дневно.

Работното време е главно флексибилно, а повеќе од 70 отсто од работниците се во синдикатите. Менаџерите и работниците тесно соработуваат при донесувањето на сите одлуки.

Она што особено ги радува сите вработени е петокот, кој најчесто е „резервиран“ за дружење, најмногу со пиво, се наведува во видеото на Саша Радомировиќ на „Инстаграм“.

Следни Објави

Хороскоп: Само два знака ќе го дочекаат март со полни паричници

Финансиска стабилност предвидуваат астролозите за нив Само луѓето кои се припадници на овие два хороскоски знака значително ќе се збогатат во наредните две недели. Бик Ѕвездите се усогласуваат во вашиот финансиски сектор. Вашиот практичен и втемелен пристап кон паричните прашања ќе даде позитивни резултати. Внимавајте на неочекуваните можности и не […]