fbpx

Почина тетовката која бараше социјален стан: Три малолетни деца останаа без мајка

Од емисијата „Срце на дланка“ која се емитува на телевизија „Алфа“ денеска споделија тажна вест.

На 40-годишна возраст почина Цеце од Тетово, жената која од институциите бараше социјален стан.

Нејзиното семејство живееше тешко и во лоши услови. По емитувањето на емисијата тие добија помош од повеќе страни, но остана неисполнета нејзината желба да добие трајно живеалиште за неа и за нејзините три малолетни деца.

„Цеце ќе ја паметиме по нејзината отвореност и позитивност. Иако беше тешко болна, секогаш се бореше за доброто на своето семејство“, пишува во објавата на фејсбук-страницата на емисијата „Срце на дланка“.

Сочувство до целата фамилија.

Почивај во мир драга Цеце

Следни Објави

Мики Секуловски ова вешто го криеше: Сега отворено проговори во „Ѕвездите на Гранд“

Велешанецот во последната епизода на шоуто се појави на подиумот како прав комита, стајлинг што совршено ја надополни изведата на моќниот рефрен „Ја излези Ѓурѓо“ Мики Секуловски неодамна откри информација која малкумина ја знаат, а сега за „Гранд“отворено проговори за тоа. „Во Софија дипломирав оперско пеење, не знаеја многу луѓе, […]