fbpx

Им ја убија ќерката Марија: Овие родители направија нешто незамисливо

Додека нејзината 24-годишна ќерка лежела мртва, ожалостената Елизабета Хименез размислувала и за човекот кој ја предизвикал нејзината смрт

Седејќи во болница додека минувале часовите, Елизабета Хименез била обземена од тага. Нејзината сакана ќерка Марија лежела во близина, а животот ѝ бил одземен само неколку недели пред нејзиниот 24-ти роденден. Елизабета не мислела само на семејството и на ќерката-интензивно размислувала и на човекот кој ја убил.

Иако многу мајки би реагирале гневно на скудните детали што таа ги знаела-како Марија побарала од пријателот да го преземе воланот по ноќното излегување затоа што таа пиела; како тој се согласил и покрај тоа што немал осигурување, како летал со 110 км/ч, како го удрил автомобилот и преживеал, а Марија не-некако Елизабета сакала да му помогне.

„Одеднаш помислив: „Чекај малку, кој е со Ник во полициска станица?“, се сеќава Елизабет.

„Знаев дека неговото семејство живее во Сингапур. Мора да е очаен. Никогаш претходно не сум го сретнала овој човек. Знам дека со убиена ќерка многумина би реагирале со гнев и вина. Но, се’ што чувствував беше длабока грижа за овој млад човек што не го познавав. Само сакав да бидам до него“, мислела мајката на загинатата Марија.

Марија е родена на 15 април 1992 година. Семејството живеело во Костарика со нејзиниот тригодишен брат Џошуа, преселувајќи се во Велика Британија во 1995 година поради работата на татко ѝ Фернандо како свештеник.

„Марија беше најсреќната девојка“, се сеќава Елизабета, која сега има 50 години и додава:

„Таа сакаше балет и свирење пијано и секогаш имаше толку многу пријатели. Таа секогаш сакаше да им помага на луѓето“.

Семејството било блиско од денот на нејзиното раѓање.

„Марија имаше посебен однос со секој од нас. Знаеше дека може да има доверба во мене и нејзиниот татко, да ја поддржиме и да застанеме покрај неа, без разлика на се’. Разговаравме секој ден. Марија зборуваше англиски, шпански и корејски, а студираше лингвистика на Универзитетот во Брајтон“, открива мајката.

Во 2017 година, последната година од студиите, Марија знаела што сака по дипломирањето.

„Таа се пријави да оди во Кореја како учителка и беше толку возбудена поради идејата. Пред себе го имаше целиот живот“, раскажува Елизабета.

Марија разговарала со својата мајка за сите аспекти од нејзиниот живот, од кариера до љубов.

Кога Марија во март 2017 година зборувала за нејзиниот поранешен, првпат го спомнала Ник, млад човек кој дошол да студира во Велика Британија во 2016 година и кој бил во истата музичка група како неа. И двајцата само што биле излезени од претходна врска, па меѓусебно се поддржувале.

„Две недели пред несреќата ми го покажа од другата страна на собата“, започнува мајчината увертира за немилиот настан.

Вечерта на 22.03.2017 година, парот имал секојдневен телефонски повик. Марија зборувала за нејзините планови за вечера со бендот и рекла дека и Ник ќе биде таму.

„Марија беше неверојатно среќно суштество. Нашиот разговор заврши како и секогаш, велејќи дека ме сака. Тоа беше последен пат кога се слушнавме“, се присетува Елизабета.

Само што се преселиле од Брајтон во Гилдфорд, семејството живеело со различни пријатели додека заедно барале дом. Затоа отец Фернандо (63) бил сам кога полицијата тропнала во шест часот наутро.

„Ништо не ве подготвува за веста дека вашето дете повеќе го нема. Во Костарика бев тоа жестоко момче од улиците, но во тој момент само се скршив и заплакав“, вели тој.

Откако му кажале на својот син Џошуа што се случило, двајцата отишле да ја видат Елизабета за да ѝ ја кажат соопштат страшната вест.

„Кога Фернандо клекна пред моите нозе и почна да плаче, помислив „О, Боже, што е ова?“, се сеќава Елизабета.

„Кога ми кажа дека Марија загинала, сите заедно само плачевме. Низ шокот и тагата имав едно прашање толку силно на ум. Како би сакала светот да реагира ако ова беше мојот син или сопруг зад воланот? Што ако бев јас? Веднаш се ставив на местото на тој човек“.

Елизабета не почувствувала излив на бес кон Ник, но Фернандо не го чувствувал истото.

„Се обвинував себеси што ѝ купив автомобил, а Ник што го возеше“, вели тој.

„Кога дознав што се случи сакав да го убијам. Тоа беа мислите што ги чував од Елизабета, исто како што таа не ми кажа дека побарала од болницата да оди да го види Ник во притвор“.

„Кога полицијата одби да ми дозволи да го посетам, бев решена да разговарам со него. Му се јавив таа вечер кога се вративме од болница. Тоа беше прв пат да разговаравме. Сè што се сеќавам беше дека постојано и повторно му кажував: „Те сакам, те сакам, те сакам“. Ми требаше тој да ме слушне како го кажувам тоа. Тој само плачеше“, вели Елизабета.

Елизабета и Фернандо си дале простор да тагуваат на свој начин. Два дена по смртта на Марија, тие одлучиле дека сакаат Ник да ги посети дома. Додека го чекале неговото пристигнување, и двајцата биле длабоко емотивни.

„Оваа ситуација беше доволно лоша. Не можев да ја поднесам помислата дека Ник е уште една жртва“.

„Ти простувам, синко“.. Тоа беше моментот кога Фернандо почувствува како му се топи бесот.

Само што ми дојде милоста и сочувството, во тој момент се ослободив од вината и горчината-се сеќава и додава:

„Да ги задржев тие чувства, ќе ме уништеа. Наместо тоа, избрав да го сакам. Тоа е моментот кога тој стана мој син“, се присетува Фернандо.

Неверојатно, додека другите родители би биле очајни да го видат човекот чии постапки довеле до смрт на нивната ќерка зад решетки, парот се согласил дека не сака Ник да оди во затвор. Нивната наклонетост кон него растела додека разговарале секој ден, а Елизабета била решена да му помогне да избегне кривично гонење.

„Знам дека мојата моментална љубов и поддршка за Ник на некои луѓе им изгледа чудно“, вели таа.

Бргу сфатила колку Ник е сличен на нејзиниот сопруг, на многу начини сличен и на нивнот син. Разбрала што Марија препознала во Ник и дека неговата присутност делувала исцелувачки на целото семејство.

„Неговото семејство беше на другиот крај на светот, му требавме ние. Така, тој остана да живее со нас шест недели. Готвевме и шетавме, и беше прекрасно што го имавме овде“.

Ник бил осуден-страшен удар за родителите на Марија.

„Плачев додека го носеа во затвор, не можев да издржам“, искрена е Елизабета.

„Затворот беше страшен и чувствував дека сум го изневерила. Сè уште не можев правилно да тагувам за Марија бидејќи се фокусирав на кошмарот низ кој живееше Ник. Двајцата се фокусиравме да го поддржиме, секогаш потсетувајќи го дека му е простено и дека го сакаме“.

Потоа, во февруари 2018 година, Ник го префрлиле во затворот Меидстон и се приклучил на програма која им помага на затворениците да ги обноват своите животи.

Тој се приклучил и на затворскиот хор и тоа било голема пресвртница за него. Тој дури напишал песна за Марија.

По три и пол години, Ник бил ослободен, но од затвор директно бил однесен на аеродром и депортиран назад во Сингапур.

Следни Објави

Имала однос на плажа, за 9 месеци ѝ извадиле нешто бизарно: Не било само бебето

Трудницата ги шокирала дури и здравствените работници Кога жена се подготвува за пораѓање, постојат неколку работи кои мора да се завршат. Торбицата за во болница веќе некое време е стокмена, а ако трудницата има време и нема преголеми болки, веројатно ќе стигне и да се истушира. Сепак, не секогаш работите […]