fbpx

Отворено зборува за момчето, учи да биде фризерка: Која е Мелиса од „Ѕвездите на Гранд“

Македонија е вистински расадник на музички таленти, а потврда за тоа е и 18-годишната Мелиса Зијадиќ која се пласира во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Мелиса е родена на 24 август 2005 година во Прилеп, а со семејството живее во селото Лажани од каде што потекнува и Јашар Ахмедовски.

Пее од своја 11-годишна возраст, а особено ѝ лежи народната музика. Идол ѝ е Драгана Мирковиќ и обожува да ги пее нејзините песни.

Моментално завршува средно фризерско училиште.

Нејзиното момче често ја придружуваше на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“ и ѝ дава безрезервна поддршка, исто како и родителите.

„Тој секогаш ме фали. Ми помага многу околу изборот на песни, па на крај заедно пресекуваме што е најдобро“, изјави во една прилика.

Следни Објави

Убиство ги потресе ѕвездите на „Гранд“: Плач и неверување, колегите се простуваат

Ѕвездите на „Гранд“ се во шок и неверување откако дознаа дека синоќа е убиена Анкица Делибашиќ, 57-годишната костимографка која со години работеше за „Гранд продукција“. Осомничен за нејзиното убиство е 61-годишниот З.Д., инаку нејзин сопруг, кој влегол во полициска станица и признал дека го сторил делото во нивниот стан во […]