fbpx

Загина пред свадба, со песна си ја претчувствува смртта

И по повеќе од две и пол децении од неговата смрт, се’ уште се свежи сеќавањата за пејачот со македонско потекло Ипче Ахмедовски.

Помалиот брат на легендарниот Јашар Ахмедовски загина во 1994 година во сообраќајна несреќа. Имаше само 28 години.

Со девојка му Злата наголемо ја планираа свадбата кога се случи трагедијата.

Ипче остана запаметен по неговата извонредна енергија, но и по кристално чистиот и моќен глас. За осум години, колку што траеше неговата професионална кариера, сними четири албуми, од кои три во соработка со Новица Урошевиќ со кој стекна огромна популарност ширум Југославија.

Неговиот брат Јашар во едно интервју нагласи дека Ипче ќе беше еден од најголемите пејачи на поп-сцената денес.

„Долго време не можев да ги слушам неговите песни. Неговата смрт не’ вознемири сите. Голема трагедија. Едвај се опоравив, но ќе жалам додека сум жив“, изјави Јашар.

По смртта на Ипче, фановите пишуваа дека како да ја претчувствувал несреќата. Една година пред смртта, за албумот „Циганске душе“ ја снимил песната „Кад нестанем једног дана“.

Следни Објави

Тргна да го фрли бидермаерот, па направи нешто неочекувано: Сите се во шок!

Едно видео на социјалната мрежа „Икс“ стана вирално, а причината е неверојатен потег на една венчавка за кој зборуваат сите. Како што се гледа на снимката, невестата видно расположена се подготвува да го фрли бидермаерот.. Веќе во наредниот миг следува изненадувањето! На почетокот сите мислат дека се работи само за […]