fbpx

„Драгана Мирковиќ тајно се омажи за мене“: Зоран го прекина молкот, ова се деталите

Драгана Мирковиќ вчера со официјално соопштение до медиумите призна дека се разведува по 24 години брак.

Една од најпознатите пејачки на овие простори на јавноста ѝ откри дека нејзиниот однос со сопругот Тони Бијелиќ веќе подолг период бил нарушен.

„Последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се’ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира“, напиша пејачката во нејзината прва исповед.

Пред да се заколне на вечна љубов со Бијелиќ, на врвот од популарноста, Драгана љубеше еден друг бизнисмен кој се бавеше и со политика, а на фолк-ѕвездата не ѝ беше само момче, туку и нејзин менаџер.

Станува збор за Зоран Башановиќ кој во едно интервју од 2010 година откри дека не е повеќе во контакт со Драгана, но и призна дека во една прилика тајно се венчале.

„Многу време поминувавме во странство. Кога не работевме, гледавме да отпатуваме што е можно подалеку, бидејќи единствено таму имавме раат. Постојат туристички венчавки на далечни дестинации и острови каде луѓето се земаат на шега. Така направивме и ние во една капела во Лас Вегас, по примерот на многу познати двојки, но таа венчавка никаде не е заведена и не важи. Ете така Драгана се омажи за мене“, откри Башановиќ кој имаше кратка романса и со нејзината колешка Мира Шкориќ.

Мирковиќ се омажи за Бијелиќ во 2000 година без големо медиумско внимание. Двојката има две деца, ќерката Мануела и синот Марко.

Следни Објави

Зорица ги изгуби трите сина, вели дека им ја предвидела смртта: Трагична судбина на познатата јасновитка

Зорка Пуцар, многу попозната како Видовита Зорка, во 90-тите години на минатиот век заедно со Клеопатра беше најпопуларна јасновитка на овие простори. Во телевизиски емисии и преку својата агенција им ја предвидуваше судбината на многумина, вклучувајќи и актери, пејачи и политичари. За жал, успеа да ги предвиди и трагичните случувања […]