fbpx

Во четврток е Спасовден: Се смета за најсреќниот ден во годината, а еве што не треба да правите

Ни доаѓа Вознесение Христово, Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат.

За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верува дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не бидете мамурни преку целата година.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници кој потоа се поставува на ливади, полиња или на покривите од домовите.

На овој ден е обичај да си замислите драга личност, да искинете ливчиња од цвеќе и полека да повторувате: „Ме сака – не ме сака“. Последното ливче што ќе остане, го крие одговорот на прашањето.

Следни Објави

Дали да продолжам да се гледам со татко на пет деца? И јас имам три свои, сешто ме советуваат

Една жена предизвика вистински хаос на социјалните мрежи кога праша дали нејзиниот избраник е „забрането овошје“ или не, затоа што има пет деца со три различни жени Разведена мајка на три деца почнала да излегува со разведен маж кој има пет деца од различни бракови и не е сигурна дали […]