fbpx

Утре е тежок празник и строг пост: Не правете го ова на Крстовден!

Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден) е празник на пост и покајание. На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

На овој ден верните се потсетуваат на Богочовекот, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

Македонскиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници и грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На овој тежок празник се почитува и строг пост, а според обичаите не треба да се јаде и ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка.. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да има печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

Следни Објави

Оженет и татко на две деца: Шокантни детали за монструмот од Кочани

Рашидов е оженет и е татко на две деца Седум илјади евра на месечна основа во последните неколку години изнудил Усеин Рашидов од неговата жртва, вчера убиената Танкица Младеновска. Рашидов прецизно водел евиденција колкава е месечната кредитна рата на Младеновска и на месец или два пред завршувањето на кредитните обврски, […]