fbpx

Сашо од Прилеп се пласира во финалето на „Никогаш не е доцна“: Ова е неговата приказна

Сашо Башески, 55-годишниот музичар од Прилеп, се пласира директно во големото финале на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Македонскиот натпреварувач во сите досегашни емисии остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и заслужено се најде во завршницата.

Уште кога првпат се појави на сцената на „Гранд“ остави впечаток, особено кај жирито.

„Феноменално, фантастично пеење. Се слуша дека владееш со вокалот, го користиш онолку колку што треба и тоа е голема уметност кога пејач знае да се исконтролира. Често имаме големи пејачи кои немаат таква мера, а ова е баш како што треба”, му порача Маре.

Овие пет кандидати од второто полуфинале директно се пласираа во финале: Меѓу нив е и нашиот Сашо

Сашо се бави со музика преку три децении, а своевремено свирел бас гитара. Иако професионално никогаш не навлегол докрај во музичките води, од самиот почеток на кариерата со својот брат Дејан, а заедно се познати како „Дуо Башески“.

За себе веле дека секогаш повеќе го интересирала музиката, отколку естрадата, а со учеството во „Никогаш не е доцна“ сакал да ѝ се претстави на публиката во регионот.

Следни Објави

Убава вест за Македонците во Грција: По оваа одлука, туристите ќе заштедат некое евро

Радмило Белиќ е Србин од Атина кој ужива огромна популарност на социјалните мрежи, откако почна редовно информира за ситуацијата во грчките летувалишта. Сите оние кои патуваат кон Халкидики веќе знаат дека од неодамна почна да се прави голем застој на обиколницата кај Солун поради работа на патот, но Белиќ има […]