fbpx

Беше славен југословенски рокер, па стана бездомник: Сега запозна жена која направи нешто неочекувано

Тапанарот на легендарната „Ју Група“, Слободан Јуришиќ, ја изненади јавноста кога минатиот месец одлучи преку социјалните мрежи да побара помош.

Славниот Јура им призна на фановите дека останал без дом, па привремено бил сместен во трошна соба без струја и вода, а немал средства ниту да се прехрани.

Како што појасни во апелот, од продажба на стан добил 90.000 евра кои потоа му биле украдени, а немал ниту работа, ниту пак каде да оди.

Веднаш по неговата објава, голем број на негови поранешни колеги му помогнаа со одредена сума пари, а една недела потоа му се јавила и жена од Деспотовац-извесна Вера Ѓедовиќ која во младоста пеела во кафеани, а изминатите две децении живее сама во куќа од 200 квадрати.

Таа му објаснила дека е подготвена да го прими во својот дом, па Јура се согласил да замине кај неа. Им се случила љубов на прв поглед.

„Веќе петнаесет дена живеам заедно во Вера, овде ми е супер, таа е многу добра. Постојано ми готви, внимателна е, се запознав и со мештаните, кога одам во кафуле сите сакаат да ме почестат, многу се љубезни“, раскажа Јура за српски „Курир“.

Вера има возрасни синови и внучиња кои живеат во друг град и веќе 20 години била сама, па сега е среќна што сретнала човек со кого се надева дека ќе ја помне староста.

„Јас повеќе не возам, но му купив автомобил на Јура, за наши потреби. Му давам џепарлак, се’ е добро, среќна сум што тој е овде. Има чисто срце, а мене ме интересира само тоа, не ме интересираат пари и богатство. Постојано одев во црква и се молев Бог да ми прати некого, да не бидам сама. Сега срцето ми е полно со радост и можам уште утре да умрам“, емотивно раскажува Вера.

Следни Објави

Беше најпосакувана жена во СФРЈ: Се повлече преку ноќ, сега е друга жена

Хрватската пејачка во деведесеттите важеше за секс-симбол и една од најпосакуваните жени на поранешна Југославија Марина Перазиќ внесе нов ритам во популарната музика и подоцна стана неформално заштитно лице на таканаречениот „електро-поп“. Кариерата ја започна во групата „Дениз и Дениз“, а нивната прва песна Program tvog kompjutera објавена во 1984 […]