fbpx

Голема сума пари, се спомнуваат пет стана и дедото на Вања: Нови детали кои шокираат

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција обелодени дека целта на киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска била да се изнудат пари од нејзината мајка.

Киднаперите претходната вечер биле информирани од страна на таткото на девојчето дека таа сама ќе оди на училиште и кога ќе излезе од домот, беше обелоденето на соочувањето со новинарите.

Од информациите со кои располага ,,Фокус”, мајката на Вања, Зорица, работела во еден од провајдерите на телекомуникациски услуги.

Во врска со парите до кои сакале да дојдат осомничените, „Фокус“ од свои извори дознава дека станувало збор за поголема сума, односно наследство од страна на родителите на мајката на Вања.

-Дедото на Вања, односно таткото на Зорица, своевремено имал висока функција, бил директор, и на ќерката и оставил пет стана. Неофицијално, таа неодамна продала еден од становите за одредена сума на пари. Значи, не станува збор за да се дојде до пари од платата на мајката, или пак од нејзина евентуална заштеда од плата, туку се работи за поголема сума на пари, добиена од наследство- открива нашиот извор, кој е упатен во истрагата. Исто така, таткото постојано, континуирано покажувал афинитети кон наследството на мајката- појаснува изворот на „Фокус“.

Следни Објави

Тој што може ладно да пука во девојче, што мислите, првпат му е?

Ако некои се доволно глупави да не сфатат, ќе им нацртам како оваа затруена козое*ина раѓа психопати. Такашто не ги гони. Ги остава неказнети. Или ако ги затвори, ги ослободува. Такашто ги менува законите во нивна корист. Во корист на психопатите и бандите. Сега имате можност ако сте бандит да […]