fbpx

Ја раскина свршувачката, а сега ќе стане татко: Се огласи македонскиот пејач

Адам Лабунски преку видеозапис сподели радосна вест на социјалните мрежи.

Темпераментниот македонски пејач се пофали дека ќе стане татко.

„Изненадување! Ни доаѓа бебе“, напиша тој под објавата.

Лабунски се прослави во „Ѕвездите на Гранд“. Тој е еден од ретките изведувачи кој беше дисквалификуван од регионалното музичко натпреварување, како што образложија тогаш од продукцијата, поради недолично однесување.

Синот на познатиот фолк-пејач Ибро Лабунски подоцна прифати да учествува во контроверзното реално шоу „Задруга“, а медиумите повторно пишуваа за неговото проблематично однесување.

На романтично карстарење по Босфорот, во 2020 година Адам ја запроси својата тогашна девојка Џејлана Дачиќ, но двојката брзо ја раскина венчавката .

Неговата нова избраничка се вика Јелена, се претставува како модна блогерка и е доста популарна на „Инстаграм“.

Следни Објави

Андријана Петрушовска проговори во какви односи е со Александар

Андријана Петрушовска се’ уште е под импресии од нејзиниот прв голем солистички концерт кој неодамна го одржа во Драчево. Младата пејачка која го освои високото трето место во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ имаше ноќ за паметење. Вели дека за таков настан мечтаела целиот свој живот, па им се заблагодари на […]

Можеби ќе ве интересира