fbpx

Ќе се жени омилениот македонски пејач од „Ѕвездите на Гранд“: Таа е вистинската!

Мите Стоилков, некогашниот победник во региналното музичко шоуто „Пинкови ѕвезди“, ја запроси својата девојка Марија Минова која ја одбра медицината за своја животна определба.

Македонскиот пејач кој се пласираше и меѓу најдобрите четири натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“ објави фотографија под која ја сподели радосната вест.

„Велат, кога срцето ти го радува, таа е вистинската. Засекогаш моја, Марија“, напиша под сликата со вереничкиот прстен.

Уште кога се појави на сцената, скромноста му е адут на Стоилков. Љубовта кон музиката му е вродена од гените на татко му и дедо му кои исто така се професионални музичари.

Мите е син на музичарот Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“. Во една прилика изјави дека советите на неговиот татко најмногу го мотивирале да го постигне тоа што отсекогаш го посакувал.

„Како во секоја музичка куќа така и кај нас, речиси секој ден се свиреше и пееше и очекувано љубовта кон песната од ден за ден ми беше с` поголема. Знаев скришум да го земам инструментот на татко ми. По желба на дедо на кој го носам името, родителите ме запишаа во музичко училиште“, раскажа тој.

Стоилков по потекло е од Струмица и е братучед на Трајче Ѓоргиев кој исто така публиката добро го познава.

Следни Објави

Естрадата се простува: Имаше само 35 години, лавовски се бореше до последен здив

Австралискиот пејач и актер Џони Руфо почина на 35-годишна возраст по долга борба со рак на мозокот. Тажната вест ја соопшти неговото семејство. „Со тешко срце денеска моравме да се збогуваме со нашиот сакан Џони. Опкружен со својата партнерка и со семејството, замина мирно со поддршка на неверојатните медицински сестри […]