fbpx

Продаваше гаќи и чорапи, сега за една ноќ прави 15.000 евра: Го заведе и синот на Брена

Пејачката Надица Адемов се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа почна успешно да ја гради својата музичка кариера.

Стана една од најбараните млади пејачки, па редовно настапува на приватни прослави и ромски свадби, а нејзините хонорари достигнуваат вртоглави суми.

Своевремено, во јавноста се појави видео на кое се гледа како пејачката добива бакшиш од 2.000 евра за само неколку минути. Надица која сега ужива во луксуз, порано живеела многу поскромно.

„Од утро до мрак работеше на пазар и продаваше долна облека и чорапи“, откри извор близок до пејачката за „Скандал“.

„Таа имаше свој штанд и продаваше секакви работи, но најмногу гаќи, чорапи и маици. Нејзиниот штанд беше полн со роба, секогаш беше зафатена“, дополнува истиот извор.

Кога се пријави на конкурсот на „Ѕвездите на Гранд“ престана да работи на пазар. Секоја нова песна придонесуваше за нејзината популарност, па пејачката стана една од најплатените ѕвезди на „Гранд“, а уште пред да стане полнолетна ја прогласија за „кралица на ромските свадби“. Надица не криеше дека успеала да заработи дури 15.000 евра за една вечер во Виена, а токму поради атмосферата што ја создава на своите настапи, сите ја бараат за своите приватни прослави.

Српските медиуми пишуваа дека Надица во 2016 година го завела синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ. Сепак, нивната врска не траела долго.

Пред неколку години медиумите пишуваа и за нејзината тајна врска со 19-години постар клавијатурист од Виена кој има три деца од претходен брак. Поради огромната разлика во години, но и поради багажот кој го имал, родителите на Надица биле против одлуката пејачката да се омажи за него. Таа не сакаше да ги послуша, но наводно се’ се променило кога на само еден месец пред венчавката тој беше уапсен на аеродромот во Рим по налог на австриските власти.

По оваа бурна врска, пејачката на крајот на ноември минатата година го прослави својот роденден и го покажа новото момче-милионер.

Иако во јавноста го претставува својот партнер како совршен маж, не сака да открива детали за него. Вели дека поучена од минатото сега приватниот живот го чува само за себе и за најблиските. Одбива да одговори како нејзиниот партнер го стекнал богатството и порачува дека парите воопшто не ѝ се важни.

Следни Објави

Ова е жената која го отру партнерот со антифриз: Теа не можела да се помири

Жена од Северна Дакота го отрула својот партнер откако дознала дека мажот наследил 30 милиони долари и планирал да ја остави. Ина Теа Кенојер (47) е обвинета за убиство на 51-годишниот Стивен Едвард Рајли. Злостортвото е мотивирано од финансиски побуди, потврди полицијата. На Рајли му се слошило кога се сретнал […]