fbpx

Андријана Петрушовска проговори во какви односи е со Александар

Андријана Петрушовска се’ уште е под импресии од нејзиниот прв голем солистички концерт кој неодамна го одржа во Драчево.

Младата пејачка која го освои високото трето место во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ имаше ноќ за паметење. Вели дека за таков настан мечтаела целиот свој живот, па им се заблагодари на сите кои безрезервно ја поддржуваат.

Како специјален гостин на концертот се појави Александар Јосифовски кој се прослави во истото регионално шоу, а Андријана сега проговори за „Гранд“ во какви односи се и зошто токму него го поканила.

„Со Александар се дружиме веќе долго време, па одлучив да го повикам“, изјави таа, па призна дека токму тој изразил желба да ја научи правилно да го зборува српскиот јазик.

„Супер, тоа е одлично, нему јазикот одлично му оди, секако дека би сакала и јас да го научам“, низ насмевка порача таа.

Следни Објави

Естрадата тагува: Колегите се простуваат од познатиот музичар кој прерано нѐ напушти

Тажен ден за музичката сцена во регионот На 58-годишна возраст почина Миша Рача. Беше влијателен тапанар, еден од основачите на рок-составот „Освајачи“. Миша беше клучна фигура на југословенската и на српската рок сцена, оставајќи неизбришлива трага со своите талент и енергија, пишуваат на социјалнкте мрежи познати музички критичари.