fbpx

Се плашам: Андријана Петрушовска проговори за здравствениот проблем

Минатонеделниот настап на Андријана Петрушовска предизвика вистински хаос во „Ѕвездите на Гранд“, а се’ поради нејзиниот здравствен проблем со кој неодамна се соочи.

Иако Саша Поповиќ во емисијата ѝ предложи да оди на операција на грлото, пејачката сепак остана на ставот дека проблемот може да се реши на друг начин.

Веднаш по хаосот кој настана по нејзиниот настап, Андријана застана пред камерите на „Гранд“ и раскажа се’ што ѝ лежи на срцето.

„Задоволна сум од настапот, со оглед на тоа што ме кочи грлото, но на крајот испадна дека се испадна одлично“, изјави таа.

Поради овој проблем со кој се бори, Андријана се исплашила на сцената, па како што вели ѝ било тешко да се опушти пред овој настап бидејќи немала целосна контрола над гласот.

„На некој начин е кочница, но на крајот се опуштив и беше во ред“, додаде таа за „Гранд“.

Токму поради оваа причина, таа мораше внимателно да избере песни за овој круг, а во тоа имаше голема помош од нејзиниот ментор Александар Милиќ-Мили.

„Мили ми рече да пеам комерцијална музика, бидејќи немам толку време да се подготвам, особено поради драмата со моите крајници“, изјави македонската пејачка.

Бидејќи во жирито имаше општа расправија поради нејзиното пеење, младата пејачка кажа дека некако им е благодарна за критиките што ѝ ги упатиле минатата сабота.

„Нормално е да се плашиш, особено поради грлото. Но, кога излегов на сцената, се’ беше супер. Задоволна сум и му благодарам на жирито за сите убави коментари и за сите критики што ги добивам“, заврши Петрушовска.

Да потсетиме, токму поради Андријана во шоуто настана голема кавга меѓу Цеца и Саша Поповиќ, а пејачката срдечно застана во одбрана на својата млада колешка по констатацијата на Поповиќ дека треба да оди на операција.

„Кандидатите дојдоа овде да пеат, а не да ги советуваат да ги вадат органите. Ние не сме клиника, само се мешате во нешто што не ве засега“, бесно реагираше Цеца во емисијата.

Следни Објави

Родена е со друго име, биолошките родители никогаш не ги запознала: Македонската пејачка си ја отвори душата

Оливера Станковска е кантавторка од Гевгелија која настапи на првиот „Макфест“ во 1986 година со композицијата „Осамена“. Станковска во златните времиња за македонската музичка сцена имаше неколку забележителни настапи на домашните фестивали, како изведувач, но и како автор. Во 1997 година издаде и албум за „Сенатор рекордс“. Таа пред четири […]