Во последниве години се чини дека класичната заедница од две сродни души излегува од мода и дека за среќа се потребни тројца, па и четворица.
Благодарение на бројни видеа што се споделуваат на социјалните мрежи можеме да ѕирнеме во интимноста на луѓето ширум светот. Некои од нив отворено покажуваат како функционираат нивните врски и бракови, со кого спијат и колку често тоа го практикуваат.
Така налетавме и на приказната за Алана, Кевин и Меган кои се заедно две години и делат буквално се’, па дури и креветот. Тие тврдат дека во нивната врска нема место за љубомора и дека совршено функционираат како тројка.
„Сите спиеме заедно, во голем кревет и често се менуваме кога водиме љубов. Имаме интимни моменти во кои сме вклучени сите, но и такви кога се забавуваме наизменично. Воопшто не сме љубоморни еден на друг, само се трудиме да му посветиме подеднакво внимание на секој партнер“, вели Алана.
Нивниот „сојуз“ најпрво го создадле Алана и Кевин, а потоа таа посакала нешто повеќе, па го замолила својот љубовник да се пријави за апликација за запознавање која е отворена за оние кои сакаат да експериментираат со нивната сексуалност.
Алана и Кевин, кои се заедно од 2017 година, првично само „барале нешто забавно“ кога ја запознале Меган. Сега, како што велат, нивната врска е три пати поубава. Со оглед на тоа дека Алана е бисексуалка, оваа заедница не ѝ претставува ни најмалку проблем.
„Главната разлика е само во тоа што имате дополнителен партнер кого го сакате и чии чувства треба да ги земете в предвид“, вели таа.