fbpx

Во брак е со двојно постар: Сите ѝ предвидуваа неуспех, но таа е пресреќна

Нејзиниот сопруг е 35 години постар од неа, а кога првпат се запознале луѓето велеле дека нивната врска никогаш нема да профункционира

Кели Лиза Мери Вил е 32-годишната девојка која предизвика лавина коментари на социјалните мрежи поради значително постариот партнер во кој се вљубила. Многумина ѝ порачаа дека е со него само за да му ја троши пензијата, но таа им одговори дека грешат.

Нејзиниот маж има 67 години, а двојката се запознала пред десет години, кога таа имала 22, а тој 58 години. Она што започнало како пријателство набргу прераснало во романса.

Во видео кое стана вирално, Кели ги сподели најновите слики со нејзиниот сопруг, а во продолжение прикачи и фотографија од почетокот на нивната врска.

Во друго видео објавено на социјалните мрежи, Кели тврди дека кога првпат почнала да излегува со својот сопруг, луѓето често ѝ велеле дека нивната врска нема никогаш да успее. Сепак, таа им докажа дека грешат.

„Шест години брак и сè уште трае. Годините се само бројка“, изјави таа.

Видеото на „Тик Ток“ остави многумина во шок. Собра над 486.000 прегледи за само еден ден. Но, корисниците на социјалните мрежи се поделени околу нејзиниот избор-додека некои се согласуваат дека годините се само бројка, другите и не се толку љубезни.

Едно лице го сподели своето искуство: „24 години разлика во години, 22 години заедно“. Друг додаде: „Тоа се само бројки и двајцата сте возрасни, ако сте среќни и изгледате така, се сакате и уживате во животот, тоа се случува само еднаш“. Трет, пак, прокоментира: „Јас сум во врска со разлика во возраста (иста старосна разлика како вашата) и тоа е убедливо најдобрата врска што сум ја имал“.

Следни Објави

Жена стави кромид до креветот: Кога ќе слушнете зошто и вие истото ќе го направите

Комарците се непријатели на мирниот сон. Штом дремнете, тие почнуваат упорно да зујат околу вашите уши и не дозволуваат да го зацврстите сонот. Како да се ослободите од нив без користење на разни хемиски препарати? Имаме супер трик кој ќе ви обезбеди добар сон до утро, а исто така е […]