Невидено невреме синоќа и утрово го зафатија српскиот главен град
Огромно количество дожд наврна во Белград. Водата направи хаос на улиците, од минута во минута граѓаните на социјалните мрежи објавуваат нереални снимки.
Една таква драматична сцена забележале на Петлово брдо, а акцијата на работниците на јавното комунално претпријатие „Градска Чистота“ уште долго ќе се памети.
Имено, како што може да се види на видеото објавено на страницата 192_rs на „Инстаграм“, жена се обидува да пронајде решетка во создадениот порој за да пушти да истече огромното количество вода, но сепак губи рамнотежа и паѓа неколкупати.
„Оди, оди таму брат, ќе се поплави, трчај брат, трчај, жената ќе се удави“, се слуша како млад човек од службениот камион му дофрла на колегата.
На крај, се’ завршува како што треба, а под видеото се редат пофални коментари за овој херојски потег.