Пред неколку години македонските портали речиси секојдневно пишуваа за Љупка Митрова која во јавноста се претставуваше како моден блогер и инфлуенсерка.
За атрактивната струмичанка сега зборува цела Хрватска откако тамошните фотографи случајно ја начекаа во центарот на Загреб.
Магазинот „Стори“ ѝ посвети цел текст и е фасциниран од нејзиниот аутфит.
„Заводливата Љупка носи припиен комплет на италијанскиот моден бренд Пинко кој ја истакнува нејзината витка линија и заносните облини. Се работи за плетен црно-бел кардиган со долго здолниште.
Со овој комплет таа искомбинирала скапи модни детали-гучи влечки со потпетици, модел кој чини 695 евра.
Вниманието сепак го украде нејзината светложолта чанта Прада која чини 2.400 евра“, пишува „Стори“.
Популарниот хрватски магазин ја нарече еден од најатрактивните македонски модели и потсетува дека таа е позната и по поранешната врска со Дарко Петковски, победник во регионалното шоу „Големиот брат“.