fbpx

Дете (2) оставено на улица босо и без јакна: Кај себе имало само една потресна порака!

Полицијата во Мисисипи повторно го отвори случајот со двегодишното дете кое во декември 2020 година беше оставено на улица.

Момчето беше пронајдено со пластична кеса со облека во рацете и со една порака.

Детето, премало за да го изговори своето име, беше оставено пред донаторскиот центар „Гудвил“ со порака во која беше наведено дека „неговата мајка повеќе не може да се грижи за него“.

Полицијата набргу ги објави снимките од сигурносните камери на кои се гледа како маж со маска на лицето и со каубојски шешир го остава детенцето на улица. На фотографиите се гледа дека детето нема чорапи, ниту јакна.

Шест дена по инцидентот полицијата уапси една личност во врска со инцидентот, но случајот се’ уште нема судски епилог.

Детето беше веднаш префрлено кај социјалните служби, а моментално се наоѓа во згрижувачко семејство.

Следни Објави

Беше клучен сведок за убиството на мајка ѝ: Малата Јана по злосторството цртала трева и ја повторувала оваа реченица

Малата Јана имаше само пет години кога нејзината мајка беше убиена, а сега шест години по трагедијата таа веќе е петто одделение. Ќерката на пејачката Јелена Марјановиќ и музичкиот автор Зоран Марјановиќ кој пред неколку дена беше осуден на 40 години затвор за убиство на сопругата, била сведок на настанот. […]