fbpx

Приведено е момчето на Анастасија: Нови шоканти детали, една работа е особено чудна за детективите

Грчката полиција итно го привела на разговор Михаил (28), момчето на убиената Анастасија Рубинска (27), објави грчкиот портал „Прототема“.

Според последните информации, детективите почнале да се сомневаат во Михаил по вештачењето на мобилниот телефон на трагично убиената девојка од Полска.

„Анализата на телефонот откри голем број сомнителни работи. Анастасија во 20 часот и 40 минути отишла во неговиот стан со главниот осомничен од Бангладеш (32), од каде што час и половина подоцна му се јавила на своето момче. Таа му кажала на Михаил дека мисли оти е во опасност и дека мора итно да дојде да ја земе“, велат детективите.

Тие додаваат дека им било особено сомнително тоа што Михаил не заминал веднаш по девојката, иако таа му кажала во кој дел на Кос се наоѓа.

Момчето ќе мора да одговори на голем број прашања. Исклучително е чудно што тој веднаш не отишол да ѝ помогне на Анастасија, иако таа молела за негова помош. Иако приведениот маж од Бангладеш бил последниот што ја видел Анастасија жива, Михаил последен разговарал со неа“, потенцираат упатените во истрагата.

Детективите се сомневаат во можноста главниот осомничен да имал соучесник.

Инаку, таткото на убиената Анастасија во исповед за полските медиуми изјави дека неговата ќерка пред убиството била киднапирана, силувана и дрогирана. Тој тврди дека неговата ќерка била добра девојка која верувала дека целиот свет е таков и врз основа на тоа често постапувала непромислено.

„Анастасија беше убава девојка. Мислев дека е одведена во бордел, но кога слушнав дека уапсениот 32-годишен маж од Бангладеш рекол дека ја оставил сама откако имале секс, знаев дека приказната не оди добро до крај“, изјави Андреј во интервју за полски „Онет“.

Според него, се верува дека Анастасија била жртва на измама со трагични последици.

„Можеби момците со кои пушела хашиш и ставиле нешто во пијалокот. Кога му се јавила на дечкото и рекол дека ќе ја донесе дома, но ја однел на друго место, најверојатно каде што била силувана“, вели Рубински.

Прегледот на снимките од безбедносните камери го идентификуваа мажот од Бангладеш кој бил виден како ја вози Анастасија на мотор.

„Михал беше вклучен во потрагата од почетокот, беше во контакт со грчката полиција“, вели Андреј.

Во меѓувреме пристигнаа и резултатите од обдукцијата кои покажаа дека смртта на Анастасија била насилна. Според форензичкиот извештај, кој е проследен до истражните органи, смртта била предизвикана од задушување, пишува грчкиот портал „Протема“.

Претходно, агенцијата AMNA објави дека нејзиното тело било пронајдено голо и завиткано во постелнина, додека горниот дел бил дополнително покриен со најлонска кеса.

Рубинска пристигнала на островот Кос со својот полски партнер за да работи во хотел во областа Тигаки-Мармари во текот на летната сезона.

Следни Објави

Покрај неа, забележани се само уште 12 случаи во светот: Вероника е едно од 600 милиони бебиња кои успеале да преживеат ваква бременост

Во Сибир во 2017 година е забележан неверојатен случај, лекарите долго се чудеа Уникатно бебе кое го запрепасти светот, успеа да преживее. Станува збор за женско дете зачнато по природен пат. Девојчето го крстиле Вероника, име кое значи „таа што ја носи победата“, што комплетно го заслужила, пренесуваат тамошните медиуми. […]