fbpx

„Одбив да крстам дете на пријател, а тој се налути и ме блокира“: Кога ја откри причината, сите застанаа на негова страна

Анонимен маж на Редит раскажа како пријателот го нарекол себичен затоа што одбил да биде кум на неговото дете.

На почетокот бил среќен што баш него го избрал, но ентузијазмот бргу стивнал откако добил коверт со договор и долга листа со луди барања.

Тој и неговата сопруга пред девет години запознале млада двојка со која почнале да се дружат, па не бил изненаден што го одбрале за кум на нивното неродено дете. Бил воодушевен, но веќе следниот миг пријателот му дал обврзувачки договор и список со барања-вклучително и дека мора да се крсти и да стане католик и да му даде на детето 18.000 фунти како подарок.

„Се согласив, а следниот ден ми остави папка со правен договор што требаше да го потпишам“, раскажува тој.

Пријателот му нагласил дека ќе мора да стане католик, но и дека ќе мора на детето да му дава најмалку 500 долари за секој славенички настан и за секој роденден и Божиќ, па од него се очекувало да искешира околу 18.000 фунти.

Кога му се јавил на пријателот и му објаснил дека не може да го потпише такво нешто, тој се налутил, му рекол дека е себичен и му го блокирал бројот и мејлот. На ист чекор се одлучила и мајката на детето.

„Не е важно, не се лутам, само не гледам како јас сум себичен, а тој не е?“, заклучува тој.

Следни Објави

Сака бело: Дара Бубамара живее отмено (ФОТО)

Дара Бубамара е позната по животот на висока нога, а бројните недвижности во кои континуирано вложува доволно зборуваат за тоа. Српската фолкерка конечно им овозможи на фановите да ѕирнат во еден од становите што ги поседува, а погледот воодушеви многумина. Белите тонови доминираат во домот на пејачката, а стилскиот мебел […]