fbpx

Каков ангелски лик! Кукле! Еден поинаков статус за Коста кој зацрни најмалку девет фамилии

Читајќи ги вестите, сигурно повеќето од нас помислуваат: „Греота се убиените деца и возрасни“, „греота родителите“, „греота учениците“… Да, ама греота и за ова дете… каков ангелски лик, кукле, а што ли му се случувало во глава и што ли го натерало на такво нешто? Како ќе продолжи со животот? До каде ќе стигне со тежината што треба да ја носи-9 одземени животи (засега) и десетици други повредени и зацрнети родители?

Само 14 години, дете! Дете, чиј лик ќе остане само вака запамтен, и после ќе биде долго скриен од јавноста, по поправни домови и зад решетки (можеби и брзо ќе згасне?), а можеше да го краси денот. Кукле.

Секако треба да си одговара за својата крајно погрешна одлука и страшно дело, но што ни покажува целата оваа ситуација?

Дека ние, возрасните, сме криви за децата! Ги изневеруваме, не ги заштитуваме, не ги насочуваме правилно, ги занемаруваме и ги оставаме препуштени на самите себе, осамени, врескаат од внатре за помош, а ние сме глуви. Деца се, не се способни да ги сфатат и искажат своите емоции…

Толку многу фактори се испреплетени во вакви ситуации, можеби ментална болест (наводно рекол дека е психопат и не покажувал емоции), афект, непромислена провокација и од наставничката (со ставање единица на ученик кој одел на натпревари по историја, сигурно знаел за повеќе од единица), потсмев од соучениците (кои го нарекувале бубалица), насилни видео игри, неконтролирано користење на социјални мрежи, погрешно друштво и влијание, родители кои не посветуваат внимание на духовните потреби на детето (затоа е повлечено и тивко?), невнимателно чување на оружје, билдање нарцисоидност од богати и угледни родители (познат радиолог еден од нив), можеби очекувањата од детето биле преголеми и му биле терет… и еден куп други, најчесто испреплетени зошто-затоа.

Ама пак останува она – како да те судам бе мало и мило, можам само да те жалам и да плачам над себе и над сите оние возрасни кои биле околу тебе и не ти помогнале!

Големи гревови собираме за децата, и за ова и за нашите идни генерации, кога пред очи ни се случуваат работи, а ние мижиме, молчиме и се преправаме дека сме добри “христијани” и добри “луѓе”. Ќе одговараме за секое едно дете (и јас и ти што читаш!!), убиено телесно, но уште повеќе убиено духовно. Ама кој да го сфати ова без вакви случки? Гробови варосани, однадвор изгледаме чисто и средено, а внатре сме полни со мртовечки коски…

Господ да им даде утеха на сите родители, браќа, сестри, роднини и другарчиња на загинатите деца и чуварот – Царство Небесно, но и да им даде преизобилна љубов во срцето за да можат да го погледнат ова кутро и да му простат.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Од мирно и повлечено момче до психопат: Кој е Коста, ученикот кој уби најмалку девет лица?

Коста испланирал сè! Имал список со имиња, една работа ги загрижи сите

Можеби неетички е да се објавува целосно ликот зашто е малолетник, ама размислувајќи, повеќе натежна кон: да се види дека е ангелски, па можеби ќе сфати некој од нас што значи тоа дека ние сме криви за децата и ќе сносиме одговорност. Не само за нашите, туку и за туѓите… зашто Христос не е себичен и никогаш не нѐ учи на себичност.

Душо мила и жална, повредена, Господ да те чува да продолжиш да живееш, та таму, телесно затворен, еден ден да Го најдеш и да плачеш за твоите дела, да ги исплачеш сите што ги лиши и повреди, и ти да најдеш мир и духовна слобода на крај, и да го наследиш Царството Негово.

“Јас сум крив за сѐ…”

П.С. Господ да им дава сили и исправување и на родителите на ова мало… нема да им биде лесен животот.

Фејсбук-статус на Маран Ата

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Никола со важна порака по масакрот: Немојте никогаш да го симнете Кристијан Голубовиќ од екраните

Направете уште неколку моронски ТВ-серии каде криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветер“ и „Клан“. Немојте никогаш да го симнете од ТВ-екраните Кристијан Голубовиќ и слични крими-карикатури, снимете некој документарец и за другите криминалци, величајте ги уште малку. Дајте ни уште некоја болест како „Задруга“, на националноте фрекфенции […]