fbpx

Радувај се Македонијо! Нашата Славица победи во „Ѕвездите на Гранд“

Македонката Славица Ангелова победи во вечерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“.

Младата струмичанка доби повеќе гласови од босанскиот фаворит Драган Ѓуриќ и заслужено триумфираше во најгледаното регионално ТВ-шоу.

Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот кој заслужено заминува во нејзини раце.

Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место. Нејзиниот талент веднаш го препозна и рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.

„Ми претставува голема чест. Морам да ти кажам дека од Џејла Рамовиќ се нема никој појавено, барем што се однесува до мене, кој толку ме има изненадено и усреќено. Навистина ти се радувам“, ѝ порача тогаш Ѓорѓе Давид.

Славица е студентка на медицинскиот факултет, а на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.

Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст.

„Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.

Следни Објави

Бизарна порака! Коста уби девет другари, но само едно нешто го интересира

Коста К. е сместен на клиниката, сам е во соба, но под будното око на полицијата и лекарите кои го набљудуваат Коста (13) на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар го изврши едно од најтешките злосторства во историјата на Србија, при што уби девет негови соученици и чуварот […]