fbpx

На сцена закопчана до грло, на „Инстаграм“ жешки слики: Погледнете ја Славица со кратка коса

Не стивнуваат реакциите во регионот по синоќешното суперфинале на натпреварувачкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое победи нашата Славица Ангелова.

Српските медиуми денеска се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за талентираната 20-годишна струмичанка која уште пред шест години ја запознаа во емисијата „Неки нови клинци“.

Славица студира медицина, а во слободното време сака да патува. Ангелова тврди дека по природа е амбициозна и опуштена, но од друга страна и тврдоглава, пишува „Блиц“.

За време на натпреварот, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид во неколку наврати реагираше како таа некои работи ги правела на своја рака и како не го почитувала договорот за проби, поради што редовно завршувала во баражите. Таа подоцна објасни за што всушност се работи.

„Не би знаела како да објаснам, тоа ми се случува во моментот. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудам да го испочитувам тоа што го зацртуваме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува и знам малку да ја „зафркнам“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се’ е во ред, исто како и овој пат“, откри своевремено Славица.

„Блиц“ пишува дека Славица на сцената на „Гранд“ секогаш одбирала модни комбинации во кои била закопчана до грло, а дека на нејзиниот инстаграм-профил има многу фотографии во костими за капење.

Истиот портал пишува и дека малкумина знаат дека Ангелова пеела и со Јелена Томашевиќ, но и дека некогаш носела кратка коса.

На социјалните мрежи, Славица често објавува слики и од нејзината мајка, за која нагласи дека ѝ е најголем поддржувач.

Следни Објави

Даниел има 43 години и е невин: Сака брак, ама под еден услов!

Никогаш не бил интимен со жена, па основал сајт на која се обидува да ја пронајде љубовта на својот живот Даниел Пичник, 43-годишен маж од Аделејд, Јужна Австралија, очекува понуди од дами кои ќе го импресионираат, но има еден услов-онаа што ќе ја однесе пред олтар, мора да биде невина […]