fbpx

Нашата Славица е во полуфинале: Која е младата струмичанка која е сè поблиску до победа?

Славица Ангелова се пласира во полуфиналето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата струмичанка е се’ поблиску до триумф откако вечерва со својот глас и изведба уште еднаш покажа како се пее и докажа дека вреди да се најде меѓу најдобрите на ова натпреварување.

Ангелова има искуство на оваа сцена откако претходно учествуваше и во шоуто „Неки нови клинци“. За свој ментор го одбра рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.

„Ми претставува голема чест. Морам да ти кажам дека од Џејла Рамовиќ се нема никој појавено, барем што се однесува до мене, кој толку ме има изненадено и усреќено. Навистина ти се радувам“, ѝ порача тогаш Ѓорѓе Давид.

Славица, инаку студентка на медицинскиот факултет, на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.

Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст. „Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.

Ние ѝ посакуваме многу среќа во понатамошното натпреварување. Веќе покажа дека е еден од најсериозните кандидати за победа.

Следни Објави

Јавно ја запроси во Хрватска, а сега се венчаа во Македонија: Нашиот пејач направи свадба за паметење (ФОТО)

Македонскиот поп-пејач Давид Темелков кој со години живее и работи во Хрватска викендов се заколна на вечна љубов во скопската црква „Света Богородица“ и направи свадба со сите нишани. Нашиот талентиран музичар кој се прослави во регионалното музичко шоу „Икс фактор“ се ожени со својата долгогодишна девојка, манекенката и водителка […]